Покрај кучето има и пони и магаре, а сега на социјалните мрежи откри дека посвоил ново милениче, прасе кое го нарекол Шнели.
“Семејството расте. Запознајте го Шнели”, напишал актерот со фотографија на која позира со кучето и свињата во скут. „Шнел на германски значи брз. Кога пристигна, трчаше низ куќата и целиот имот, беше невозможно да го фатиме, па решивме да го крстиме Шнели“, изјави Шварценегер во интервју за Фокс 11.
„Обичен ден во кој Терминаторот држи свиња и куче во скут“, „Совршен“, „Честитки“, се само дел од коментарите на неговите следбеници под објавата на Твитер, која ја прегледале речиси осум милиони корисници.
Инаку, Шварценегер често на социјалните мрежи споделува смешни моменти со своите миленици. Арнолд има неколку видеа на кои може да се види како ги храни и ги вози на електричен велосипед, а своите миленици ги носел дури и на деловни состаноци.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.