ИМА САМО 2О ГОДИНИ: Шокантни вести за здравствената состојба на поранешниот ракометар на Металург и Вардар

Само што заигра во црвено-белиот дрес на Војводина, еден од најголемите таленти на српскиот ракомет Стефан Додиќ е приморан повторно да паузира.

Сè уште не е јасно што се случило со момчето кое со месеци заздравуваше од проблемите со коленото, и допрва ќе треба да се утврдува неговата состојба.

„Додиќ утрово стана и загуби дел од мускулите. Никој не знае зошто. Тој загубил 30% од мускулите. Навистина сум шокиран и цел ден бев нервозен и многу тажен. Мислам дека тоа дете требаше да биде некој што ќе ги носи нашата репрезентација и Војводина во наредните сезони.

Тој беше моја голема желба и во претходните години. Бев во шок кога фитнес тренерот ми се јави и ми го кажа ова. Знам дека сите ние во клубот ќе направиме сè, дека ќе ги посетиме сите лекари ширум Европа, за да видиме која е вистинската дијагноза. Веројатно вистинската ја немавме досега. Доби „зелено светло“ за игра и… Не знам што ќе биде со него и неговата кариера“, изјави Ројевиќ, тренерот на Војводина.

Додиќ е дете на Металург, па кратко играше за Охрид и Вардар, па потпиша за Киелце. Во полскиот гигант не доби шанса за настап и беше испратен на позајмици во Целје, Загреб и последно во Војводина. Средниот бек има само 20 години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.