четврток, 12 ноември 2026
Најново

Има само 30 калории и се прави за 3 минути: Ова е најдобриот појадок доколку сакате брзо и без гладување да ослабете

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ви претставуваме рецепт за нискокалоричен домашен намаз, сос или паста, кој ќе го направите за кратко време, а ќе добиете доволно порции!Хумусот е едно од најпопуларните јадења од Блискиот Исток, кое може да се сервира како намаз, натопување или паста и најчесто се јаде со тортиљи, леб, пити итн.

Сепак, наместо да консумирате хумус купен од продавница, кој е збогатен со разни адитиви, обидете се да го направите сами – ќе бидете сигурни во тоа што јадете, а ќе добиете и вкусен и здрав додаток на вообичаеното мени.

Хумус од наут
Овој хумус се прави со само неколку состојки, за помалку од три минути, а порталот Lose Weight by Eating наведува дека има:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

30 калории
1,2 грама масти
1,4 грама протеини
1,1 грама влакна
1 mg железо
45 мг калиум
14 mg калциум
3 mg натриум
3,8 грама јаглени хидрати
0,7 грама шеќер
0 mg холестерол

Состојки:
1 конзерва (400 грама) наут
2 чешниња лук
3 лажици свеж сок од лимон
2 лажици таан
сол и бибер по вкус

Подготовка
Извадете го процедениот наут од конзервата и ставете го во блендер. На тоа додадете чешне лук, сок од лимон, таан и половина од течноста од конзервата наут.
Додадете прстофат сол и бибер. Блендирајте додека не стане мазна и кремаста.
Доколку е потребно, додадете уште едно чешне лук и зачини. Ако сакате покремаст и полесен хумус, додадете по една лажица течност од наут додека не ја постигнете саканата конзистентност.

Поврзани вести