Тинејџер од Велика Британија, Ник Д'Алоисио, ја продаде својата апликација на Yahoo за “десетици милиони фунти”, јавува БиБиСи.
Апликацијата Summly , дизајнирана од овој 17-годишник, на едно место собира вести од популарни медиумски куќи, а според склучениот договорот, таа сега ќе престане да биде на располагање, но некои од нејзините поставки ќе се користат на Yahoo производите, на кои што младиот Д'Алоисио одсега ќе работи.
Тој апликацијата ја дизајнирал кога имал само 15 години а брзо после тоа собрал повеќе од еден милион фунти, и со овој потег ќе стане еден од најмладите мултимилионери во светот кои сами си ги заработиле парите.
Во интервјуто за британските медиуми, рече: “сакам патики, ќе купам нов пар на” NIKE “и најверојатно нов компјутер, но за сега сакам да ги ставам парите во банка и да ги чувам бидејчи за сега немам многу трошоци.”Тинејџер од Велика Британија, Ник Д'Алоисио, ја продаде својата апликација на Yahoo за “десетици милиони фунти”, јавув