Има 27 години и се уште е невина: Објасни зошто никогаш немала секс

Алис Рајли јавно проговори како изгледа да се биде девица на 27 години, истакнувајќи дека за тоа дел се криви околностите, а во еден дел тоа го сакала сама.
Јавната исповед дошла после истражувањето кое покажало дека секоја осма личност над 26 години и понатаму е невина, а експертите велат дека тоа е поради „страв од интимност“, пренесува Индепендент. Меѓутоа, Рајли објаснува дека тоа не е причината за нејзината невиност.
Алис Рајли, која е блогерка и се занимава со дигитален маркетинг, истакна дека нејзината одлука нема врска со религиозните уверувања.
Таа истакнува дека за нејзината невиност „виновни“ се околностите од една страна, но и нејзината желба да биде така од друга страна.

-Кога е во прашање губењето на невиноста, постојат луѓе кои ја чекаат правата личност и сакаат тоа нешто да им значи, но и такви кои не се грижат за тоа, кажа таа.
Рајли додаде дека таа спаѓа во првата група на луѓе.
-Не го барав човекот за кој ќе се омажам одма после тоа, но не сакав тоа да биде врска за една ноќ, сакам врска која би значела повеќе од сексот. Претпоставувам дека се уште не сум ја пронашла вистинската личност, раскажа таа.
Рајли кажа дека била во врска пет недели и дека зборувале за секс, но дека раскинале бидејќи нејзиното момче се уште имало емоции кон поранешната девојка.
-Кога сте невини, луѓето мислат дека сексот не ве интересира, но тоа не е точно, вели таа.
Нејзината исповед ги подели луѓето на социјалните мрежи. Една девојка напиша дека ништо лошо во тоа да бидеш на 27 години, но и дека не е лошо да имаш врска за една ноќ и да ја изгубиш на 16 години.
Некои се прашуваат зошто воопшто морала да зборува дека е невина.
-Зошто мораше да објаснува што прави со својата

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.