Има 72 години, а живее како да има 20: „Вие ги уништувате вашите тела, јас своето го негувам вака и затоа сум млада“

Жената за која може да се каже дека е во длабока старост, живее како млада девојка, а така и изгледа.
Вели дека последиците од долготрајните здрави промени кои упорно ги воведувала во животот ѝ годеле, па така и нејзиното тело е како на млада девојка.
Иако некои луѓе стареат побавно од другите, љубителката на фитнес, Норма Вилијамс (72) изгледа како да знае како да го „запре времето“.


Норма на 72 години изгледа како модел и има важна порака до сите: „Доколку внимавате на вашето тело, со текот на годините тоа може да се подобри“.
Таа ги менувала своите лоши навики во добри, па така забележала дека нејзиниот живот се менува на подобро. Вели дека се чувствувала и изгледала многу подобро како што годините поминувале.
Конечно стигнала до точка кога била задоволна со себе. Вели дека своето тело го усовршилa со редовно вежбање.


Норма четири пати неделно брзо оди, а двапати неделно вежба во теретана.
Постепено го зголемила режимот на своето вежбање и во состав со тоа ја подобрила и својата исхрана.
Во минатото можела да изеде ќесичка чипс или кутија бисквити, но од таков начин на исхрана преминала на здрава храна.
Норма верува дека нашите тела не заслужуваат ништо освен почит, а ние често ги запоставуваме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.