Најпознатата американска манекенка плус сајз Ешли Греам (36) завчера беше гостинка на модната куќа „Балмен“ на модната недела во Париз и предизвика поголемо медиумско внимание од претставената колекција.
Манекенката која светската слава ја стекна носејќи пополни модели, како и со својот „body positive“ став дека жените треба да ги прифатат своите тела онакви какви што се, сега предизвика спротивставени коментари.
Во темно виолетова бунда, црн фустан и шик чизми, Ешли гордо ја покажа својата фигура тешка 177 сантиметри и 92 килограми.
– Убавата Ешли пука од самодоверба и ги уништува сите предрасуди дека жената мора да биде строго слаба за да биде убава и привлечна – пишува „ Дејли мејл“ и потсетува дека оваа мајка на три деца „се грижи за своето здравје и исхрана и редовно тренира“.
Но, има и такви кои не се согласуваат со нивната проценка, повикувајќи се на мотивот на бајката „Царевиот нов костум “, во кој никој не се осмелува да ја каже вистината „Преубаво лице на дебела жена.
Подобро да ослабне неколку килограми додека е здрава, за да не ‘пукне од вишок’. Самодовербата овде нема никакво оправдување“, „На Американците им се допаѓаат овие модели бидејќи мнозинството од населението е плус сајз“, се дел од коментарите.
Пронајдете не на следниве мрежи: