Инвеститорите на Волстрит внимателни поради кипарската криза

Ви средата на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи инвеститорите беа претпазливи поради можното масовно одлевање на капиталот од Кипар и последиците од тоа врз банкарскиот систем во другите земји членки на еврозоната.Така индексот Dow Jones ослаби за 0,23 отсто, на 14.526 поени, индексот S&P 500 падна 0,06 отсто, на 1.562 поени, додека индексот Nasdaq, пак, во средата зајакна за 0,12 отсто, на 3.2566 индексни поени.Под најголем притисок беше банкарскиот сектор, чиј индекс KBW падна за 0,6 отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од одливот на парите од кипарските банки.Додека беа договарани условите за меѓународната финансиска помош на Кипар во износ од 10 милијарди евра, во чии рамки ќе се оданочуваат банкарските депозити поголеми од 100 илјади евра, кипарските банки беа затворени повеќе од десет дена, а со работа започнаа во четврток.За да се спречи масовен одлив на капитал, кипарското министерство за финансии во средата издаде указ за строго ограничување на движењето на капиталот,Инвеститорите стравуваат дека и штедачите во банките во другите земји членки на еврозоната ќе започнат да ги повлекуваат своите депозити, плашејќи се дека моделот за спасување на Кипар од банкротот, може да биде применет и на другите земји од европската монетарна унија.Меѓутоа, податоците кои укажуваат на зајакнување на економијата во САД, како и извонредно лабавата монетарна политика на американската централна банка Federal Reserve (Fed) и натаму го поддржуваат пазарот, па така индексите Dow Jones и S&P 500 се движат во близина на своите највисоки нивоа во историја.
MакфаксВи средата на Волстрит берзанските индекси останаа речиси непроменети, бидејќи инвеститорите беа претпазливи поради мо

Пронајдете не на следниве мрежи: