Инвеститорите на Волстрит загрижени од моделот за спас на Кипар

Благодарејќи на договорот за меѓународна финансиска помош за Кипар, на Волстрит во понеделникот индексот S&P 500 се доближи на само бод од рекордното ниво, но потоа потона бидејќи инвеститорите ги загрижија ризиците содржани во моделот за спасување од банкрот на најмалата членка на Европската унија.Така во понеделникот индексот Dow Jones ослаби за 0,44 oтсто, на 14.447 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,33 отсто, на 1.551 поени, додека индексот Nasdaq падна за 0,30 проценти, на 3.235 индексни поени.На самиот почеток од тргувањето во понеделникот цените на акциите забележително пораснаа, благодарејќи на договорот меѓу Кипар и меѓународните кредитори за помошта  на оваа држава преку меѓународен финансиски пакет во износ од 10 милијарди евра, со што е избегнат колапсот на кипарскиот банкарски систем и банкрот на земјата, односно исклучувањето на ова медитеранска островска земај од еврозоната.Така во првите моменти индексот Dow Jones скокна на 14.563 поени, што претставува ново највисоко ниво во неговата историја, додека индексот S&P 500 достигна 1.564, што е само еден индексен поен под неговото рекордно ниво од 2007 година.Меѓутоа, во подоцнежните часови од тргувањето во понеделникот, цените на акциите забележаа остар пад, откако Јероен Дијселблом, челникот на советот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата), изјави дека во иднина од на обврзниците и неосигурените депозити над 100 илјади евра ќе бара принос при спасување на банките.Дијселблум посочи дека моделот за спасување на Кипар претставува пример како во иднина ќе се решаваат проблемите во другите презадолжените држави.Таквиот модел на решаањет5о на кризата претставува радикално придвижување од досегашната политика на еврозоната според којашто сметката за банкарските проблеми во крајна линија ја понесуваа даночните обврзници и задолжените влади.Изјавите на Дијселблом ги вознемирија инвеститорите, меѓутоа падот на цените беше сопрен кога челникот на Еврогрупата појасни дек Кипар, сепак, е посебен случај.На претпазливоста на инвеститорите укажува и слабиот обем на тргувањето со акциите Така, на Wall Street, NYSE MKT и Nasdaq во понеделникот сопственикот ги заменија 5,8 милијарди акции, додека минатата 2012 година вообичаениот дневен просек изнесува 6,.45 милијарди акции.
МакфаксБлагодарејќи на договорот за меѓународна финансиска помош за Кипар, на Волстрит во понеделникот индексот S&P 500 с

Пронајдете не на следниве мрежи: