Индија дозволи ирански воен брод да се закотви во нејзиното пристаниште како хуманитарен гест

По потонувањето на иранската фрегата „Дена“ во напад на американска подморница, Индија одобри пристанување на бродот „Лаван“ во пристаништето Кочи, наведувајќи дека тоа е итно хуманитарно барање од Техеран поради техничките проблеми на бродот.

Индија му дозволи на иранскиот воен брод „Лаван“ да се закотви во јужното пристаниште Кочи, откако американска подморница потопи друг ирански воен брод во близина на Шри Ланка. Министерот за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар изјави дека одлуката е донесена како хуманитарен гест, по итно барање од Техеран.

Според извори од индиската влада, „Лаван“ влегол во пристаништето Кочи во среда, истиот ден кога американска подморница ја погоди иранската фрегата „Дена“ во водите крај Шри Ланка. Изворот навел дека Техеран го упатил итно барањето бидејќи бродот имал технички проблеми.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека уништувањето на иранската морнарица е една од целите на конфликтот што тој и Израел го започнаа против Исламската Република пред седум дена.

„Лаван“ е опишан како амфибиски десантен брод, и заедно со уште два брода се движел кон Индија за да учествува во преглед на флотата. Џаишанкар изјави на годишниот собир „Раисина Дијалог“ дека овие бродови „некако се нашле на погрешна страна“.

„Мислам дека го гледавме тоа од човечка перспектива, надвор од сите правни прашања“, нагласи шефот на индиската дипломатија, додавајќи: „Мислам дека го направивме вистинското нешто“.

Според достапните информации, најмалку 87 лица загинаа во американскиот напад врз фрегатата „Дена“ во ексклузивната економска зона на Шри Ланка, на околу 19 наутички милји од брегот, надвор од нејзините територијални води.

Изворот наведува дека Индија го добила барањето за истоварување на „Лаван“ на 28 февруари, денот кога, според овие тврдења, започнала војната во Иран. Истакнувајќи дека барањето било итно поради техничките проблеми на бродот, истиот извор посочил дека бродот има 183 членови на екипажот.

Екипажот на „Лаван“, кој има 183 морнари, е сместен во поморски објект во Кочи. Изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен поради доверливост, потврди дека ова е привремено решение за сместување на луѓето од бродот.
The post Индија дозволи ирански воен брод да се закотви во нејзиното пристаниште како хуманитарен гест appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: