Иницијатори за Конгрес: Мицкоски е виновен за тоа што Заев состави влада

Иницијатори за Конгрес: Мицкоски е виновен за тоа што Заев состави влада

Во соопштение за јавноста денеска реагираа на прес конференцијата на Мицковски, конгресмените кои бараат да се свика Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и да се утврди одговорност на Мицковски за поразот на парламентарните избори.

Жалиме што денес, после исполнувањето на вториот услов за оставка – неформирање влада,  не собра храброст и демократски капацитет да ја понуди својата оставка пред членството на партијата. Членството најдобро знае дека единствен виновник што Зоран Заев по втор пат стана премиер е Христијан Мицкоски.

Додека “шпицен” кандидатот вчера го мачела дилемата дали да ја гледа синоќешната собраниска седница со пуканки или со чипс пред телевизор, членството на ВМРО-ДПМНЕ не може да се смири додека не најде одговор на прашањето “како можеше да се испушти ваква шанса”.

Одговорот е јасен. Човек што нема храброст да заземе став по ниедно прашање, човек што се крие на денот на избори и не им се заблагодарува на оние кои трчале за него, нема капацитет да го води ВМРО ДПМНЕ.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.