Направете вкусни погачи кои се диетални и интегрални.
СОСТОЈКИ: 2 дл. масло 2 дл. кисела вода 3 шолји интегрално брашно 1 прашок за пециво 2 лажички сол
ПОДГОТОВКА: Се става во сад масло со кисела вода, сол, прашок за пециво и на крајот брашно, па се убаво се замесува. Се прават погачи и се ставаат на плех со хартија. Се печат на 200 степени 10 минути. Супер се за појадок или вечера со јогурт.
Уште еден совршен рецепт за денешна вечера прочиајте во продолжение: Вечера за половина час: Макарони со модар патлиџан и домати
Ако сте љубители на тестенини, ви предложуваме да го подготвите овој едноставен рецепт за макарони со модар патлиџан и домати.
Состојките се лесно достапни и ефтини, а рецептот е превкусен.
Состојки: 400 гр. макарони, 1 модар патлиџан, две чешниња лук, конзерва домати, оригано, сол, бибер, маслиново масло, пармезан
Начин на подготовка: Измијте го модриот патлиџан и исечето го на коцки, не мора да го лупите. На маслиново масло испржете ги коцките модар патлиџан и сецканиот лук.
Сварете ги макароните во зовриена и солена вода. На зеленчукот додајте го доматите од конзерва, зачинете со оригано, сол, бибер и крцкајте додека доматот да стане мек. Измешајте и сервирајте додека е топло и наросете со пармезан.
Добар апетит!