Интегра: Случајот со Инфомакс е тест за државата

Случајот со ИНФОМАКС е тест за државата во однос на заштитата на Уставното право на слобода на говор и работа на новинарите. Брзото и праведно санкционирање на напаѓачот е неопходен политички сигнал за одбрана на медиумската слобода и интегритетот на новинарската професија.

Слободата на медиумите е темел на демократијата. Нападот врз медиумска куќа, особено онаа која е позната по своите критички и опозициски ставови, се толкува како атак врз плурализмот и правото на јавноста да слушне различни мислења.

Се бара независно и брзо постапување од страна на полицијата, обвинителството и судовите. Секое одолговлекување или блага казна ќе биде протолкувано како индиректно охрабрување на насилниците и сигнал за неказнивост.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија

Пронајдете не на следниве мрежи: