Интересни факти за облеката купена на старо

Во нашата област, луѓето купуваат половна облека најмногу заради ниските цени, но во светот овој тренд е популарен дури и меѓу најбогатите. Во последно време и кај нас има сѐ повеќе луѓе коишто ги посетуваат овие продавници, не само поради тоа што бараат необична облека, туку затоа што им се допаѓа оваа „еко идеја“.
Облека на втора рака
Воопшто не е срамно да сакате да си најдете парче облека во продавниците со стари алишта. Овие продавници најчесто се поделени на винтиџ (со малку повредни парчиња и повнимателно избран асортиман), и обични половни продавнички.
Европа со широки раце ги прифати овие видови продавници, а покрај облека, во нив може да најдете и стари книги, списанија, плочи и мебел. Некои од продавниците посветуваат огромно внимание на изгледот на ентериерот, па кога ќе влезете во нив ќе добиете чувство дека сте влегле во временска машина што ве вратила неколку века наназад.
Винтиџ облека


Ваквиот тип облека е постојано во мода. Овие продавници можат да ви понудат голем број необични и квалитетни парчиња што се вистинска реткост на нашиот пазар.
Приказната за облеката од „втора рака“ почнува да се проширува во почетокот на 90-те години. Имајте на ум дека облеката што е произведена пред 1920 година се нарекува антиквитет, онаа што е произведена помеѓу 1920 и 1980 се нарекува винтиџ, а сè што е произведено подоцна спаѓа во категоријата модерна облека.
Причините за купување стара облека се различни: уникатност, добар квалитет, фин материјал, рачно изработени детали, индивидуален креативен стил и израз, економска исплатливост или колекционерство. Половната облека е актуелна поради многу славни личности што во последно време ја промовираат, но и поради борците за зачувување на животната средина, затоа што новата употреба на старата облека е еден вид рециклирање.
Облека на втора рака
Постојат и такви луѓе коишто категорично ја одбиваат оваа идеја. Не сакаат да носат нешто што претходно било носено од друг. За ова, потребно е уште повеќе да се шири идејата, важноста и пораката на купување стара облека и за тоа да се употребат нови и креативни начини.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.