Интернетот полуде по алкалната вода: Направена е од 3 состојки, го чисти организмот од токсини

Иако нашето тело самостојно го одржува нивото на pH, ние секако можеме да му помогнеме со конзумирање на алкална вода.
Поради лошите навики и нездравиот начин на живот, се повеќе луѓе се жалат на чести главоболки, проблеми со варењето на храната, намален имунитет … И додека некои прибегнуваат кон пиење раствор базиран на сода бикарбона за да ги отстранат овие проблеми, други предлагаат алкална вода.
Една од оние што ја застапуваат тезата за пиење алкална вода е нутриционистката Сандра Мариќ Булат.
,,Иако нашето тело се обидува да ја одржи рамнотежата на pH со чистење преку бубрезите и белите дробови, кога ќе ги почувствуваме овие симптоми, можеме да си помогнеме конзумирајќи алкална вода” – вели Мариќ Булат.
Алкалната вода има висока pH вредност, многу поголема од обичната вода за пиење. PH вредноста е број што мери колку е кисела или алкална супстанција на скала од нула до 14.
Што е алкална вода?
Сигурно сте слушнале некои од различните здравствени тврдења за алкална вода. Некои велат дека помага во забавување на процесот на стареење и го регулира нивото на pH на организмот.
Алкалната вода има повисоко ниво на pH од обичната вода за пиење. Затоа, поборниците за алкална вода веруваат дека може да ја неутрализира киселината во човечкото тело. Водата за пиење има неутрална pH вредност од 7, додека вредноста на алкалната вода се движи помеѓу 8 и 9.
Затоа е многу важно да се грижите за рамнотежата. За жал, денешното време во повеќето случаи подразбира секојдневно консумирање преработена храна, меѓу кои најопасни се солта, шеќерот, белото брашно, кофеинот и алкохолот. Сето горенаведено создава кисела средина во нашето тело и негативно влијае на здравјето.
Како да направите алкална вода?
Алкална вода може да се купи во многу продавници. Сепак, можете сами да направите алкална вода дома. Подготовката е многу едноставна, а потребни ви се само три состојки.
Состојки:
2 л. вода
2 лимони
1 лажичка хималајска сол
Подготовка:
Наполнете голем стаклен бокал со вода и додадете го лимонот што претходно сте го исекле на прстени. Додадете сол, а потоа покријте ја површината на бокалот со крпа и оставете ја водата да стои 12 часа на собна температура.
За почеток, испијте една чаша од оваа вода, со цел организмот да се навикне, а потоа постепено зголемувајте го внесувањето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.