Глобалната полициска организација Интерпол денеска објави дека 20 луѓе се уапсени во Европа и Северна и Јужна Америка, по прекугранична операција во 12 земји насочена кон материјал за сексуална злоупотреба на деца.
Операцијата, предводена од шпанската полиција, започнала кон крајот на минатата година откако полицајците идентификувале групи за пораки каде што криминалците споделуваа фотографии од сексуална експлоатација на деца.
„Шпанските власти уапсија седум осомничени, вклучувајќи здравствен работник и наставник“, соопшти Интерпол.
Здравствен работник наводно им плаќал на малолетници во Источна Европа за експлицитни слики, додека наставник е обвинет за поседување и споделување материјал за сексуална злоупотреба на деца преку разни онлајн платформи.
Властите во Латинска Америка уапсија 10 осомничени во седум земји, вклучувајќи тројца во Ел Салвадор и еден наставник во Панама, додека останатите осомничени се уапсени во други делови од Европа и САД. Досега се идентификувани дополнителни 68 осомничени, а истрагите се во тек, објави Интерпол.



