Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е фотографиран како прави селфи покрај отворениот ковчег на Пеле.
Неколку дена по смртта на Пеле, претседателот на ФИФА отпатува во Бразил за да присуствува на погребот на најголемиот бразилски играч на сите времиња.
По пристигнувањето на стадионот Сантос, Инфантино сподели необична идеја.
„Ќе побараме од сите земји во светот да именуваат по еден фудбалски стадион во чест на Пеле“, изјави тој.
Еден ден подоцна, Италијанецот позираше со насмевка покрај ковчегот на Пеле и направи селфи, потег што наиде на критики во јавноста.
Погребот на Пеле е денес, на приватна церемонија во Сао Паоло.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.