четврток, 12 ноември 2026
Најново

Инфлацијата во еврозоната значително забавува

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Инфлацијата во еврозоната во значителна мера забавува, што е важен фактор за Европската централна банка (ЕЦБ) при донесување на одлука за евентуално намалување на клучните каматни стапки, изјави потпретседателот на ЕЦБ Витор Констанцио.

„Инфлацијата значително се намали, што нам во централната банка и тоа како ни е важен фактор со оглед дека инфлацијата ни е најголем приоритет. Економијата истовремено покажува знаци на слабост па на наредниот состанок ќе ги размотриме најновите показатели, по што ќе донесеме одлука за каматните стапки“, рече Констанцио.Во последните денови зајакнаа очекувањата дека ЕЦБ би можела дополнително да ја намали и онака ниската клучно каматна стапка од 0,75 отсто по објавата на најновиот од низата слаби економски показатели, при што слабости искажаа дури и темелните економии на еврозоната.Инфлацијата во еврозоната во март беше намалена на 1,7 отсто, што е најниско ниво од август 2010 година. Нејзиниот пад во најголем дел се припишува на продолжениот тренд на пад на цените на енергијата.
Макфакс
Инфлацијата во еврозоната во значителна мера забавува, што е важен фактор за Европската центра

Поврзани вести