Инфлуенсерка лажирала цел одмор на Бали со фотографии од IKEA

Ако не верувате колку е лесно да го лажирате вашиот живот на социјалните мрежи, тогаш сигурно ќе ве интересира приказната на јутуберката Наталија Тејлор.
Младата инфлуенсерка „заминала“ на Бали без воопшто да се качи во авион. Всушност, таа отишла во најблиската IKEA продавница и ги измамила сите нејзини Instagram следбеници дека всушност е на одмор.

 

View this post on Instagram

 

Tea isn’t the only thing I drink.. ??

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on


„Велат дека животот на интернет не е секогаш онаков како што изгледа. Особено во денешно време кога е навистина лесно да се преправате дека сте која било личност. Денес, ќе го тестирам ова и ќе пробам да лажирам цел одмор објавувајќи лажни фотографии“, изјави Наталија за нејзиниот експеримент.
Кога Наталија почнала да објавува фотографии со хаштагот #VacationGoals, нејзините стотици илјадници следбеници навистина поверувале дека инфлуенсерката е на патување.
Иако на сите фотографии се означила во Бали, Индонезија, таа не била ни во близина на дестинацијата.

 

View this post on Instagram

 

Where should I travel to next? ✨? Comment below and maybe I will 😉

A post shared by Natalia Taylor (@natalia__taylor) on

Подоцна откри дека секоја фотографија била направена во IKEA.
„Верувам дека инфлуенсерите имаат одговорност постојано да покажуваат транспарентност. Бидејќи ова не се случува секогаш, потребен ни е потсетник дека не сè што гледаме онлајн е точно.“

Наталија само докажа дека бројни инфлуенсери го прават истото нешто – „продаваат лаги“.
На нејзиниот YouTube канал таа сподели видео со целиот социјален експеримент, каде што можете да видите и што се случувало зад сцените:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.