1. Министерството за здравство на три сметки прибира финансиски донации, но нема отчет од каде се обезбедни средствата и како тие се потрошени. Дополнително, министерството прима и материјални донации за кои нема информации кој, во која количина и која вредност ги обезбедил, како и на кој начин тие се дистрибуирани во јавниот систем. Информациите кои се јавно достапни се конфузни, нецелосни и нејасни. На сметката за поддршка за справување со коронавирусот на Министерството за здравство, заклучно до 06 мај 2020 година прибрани се 2.9 милиони евра, а пак според информациите објавени од еден македонски медиум на 08 април 2020 година Министерството за здравство обезбедило 67.7 милиони евра во облик на донации и грантoви.
2. Владата на РСМ формираше Фонд за поддршка со цел справување со кризата предизвикана од COVID-19 за кој нема ниту еден податок како функционира, односно колку средства се прибрани и потрошени.
3. Нејасно е дали барањето на финансиска и материјална помош од Владата на РСМ и Министерството за здравство се базира на некоја претходно направена проценка/план на потребите или пак се спроведува врз основа на тековните понудени можности.
4. Вонредната состојба и Владата на РСМ им овозможи на јавните институции самостојно, итно и нетранспарентно да вршат прераспределба на 70% од средствата во нивните буџети. Од 26 март 2020 година јавните институции прават промени во своите буџети без да објават што кратат и за што ги наменуваат скратените стредства.
5. Интервентните набавки и нејасноста на информациите за спроведените итни набавки ја доведуваат во прашање оправданоста и економичноста на овие постапки, а Владата на РСМ ја прават нетранспаренспарентна.
6. Континуирано се набавуваат големи количини на заштитна опрема. Во меѓувреме Владата на РСМ добива континуирани донации на ваква опрема од различни донатори, а во државата речиси четвртина од заболените од COVID-19 се здравствени работници и од нив четвртина се заболени во здравствени установи. Овие резултати водат кон повеќе прашања, и тоа: дали Владата на РСМ има направено проценка на потребите за заштитна опрема и дали дистрибуцијата на заштитната опрема одговара на реалните потреби.
7. Континуираното инсистирање за набавка на голема количина на респиратори, без јасна проценка на националните потреби и трендови, особено допринесуваат да се постави прашањето: дали потребата е вистинска или пак се создава поле за злоупотреба на државните средства? Најголемата зафатеност на здравствените капацитети била на 12 и 30 април, 2020 година кога во еден момент на Клиниката за инфективни болести, Градската општа болница 8ми
септември, и Клиничките болници во Битола и Штип биле хоспитализирани по 119 лица. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, најмногу 14 лица имале потреба од респираторна поддршка во еден ист момент и тоа на 10ти, 11ти и 12ти април 2020 година. Според последната
дадена изјава на министерот за здравство за капацитетите на јавните здравствени институции од аспект на располагање со машини за вентилација од 25 април 2020 година, во РСМ имам 130 машини (120 постојани и 12 машини донирани од ЕУ). Оттука, се доведува во прашање одлуката на Владата на РСМ и Министерството за здравство за оправданоста на одлуките за набавка на респиратори, особено одлуката од 03 април 2020, кога се објави повик за набавка на 200 респираторни машини, кој беше поништен заради неможност истите да се обезбедат.
Повеќе информации можете да добиете на следните линкови:
1. Инфографик – http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-
publikacii/3608-procesite-na-pribiranje-i-na-trosenje-na-sredstvata-nameneti-
za-spravuvanje-so-pandemijata-na-covid-19-se-netransparentni,-a-pak-malkute-
dostapni-informacii-se-konfuzni.html
2. Целосна анализа – http://www.esem.org.mk/index.php/najnovi-
publikacii/3607-procesite-na-pribiranje-i-trosenje-na-sredstvata-nameneti-za-
spravuvanje-so-pandemijata-na-covid-19-se-netransparentni,-a-pak-malkute-
dostapni-informacii-se-konfuzni.html
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.