Инцидент во албанското Собрание

Инцидент се случи во албанското Собрание откако еден пратеник на опозицијата го гаѓаше со јајца премиерот Еди Рама. Пратеникот Ендри Хаша фрли две јајца кон Рама кој беше на говорницата од кои едното според фотографиите завршило во стомакот на Рама.
Со коментар “За присутните тост и јајца”, фотографија од со јајце погодениот Рама објави екс премиерот и претседател Сали Бериша.
И денес пред Собранието на Албанија се собраа стотици студенти и ученици кои веќе 16 дена протестираат против владините политики.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.