Водителката на ТВ Сараево, Вања Шемиќ, беше касната од змија за време на снимањето на инсерт за емисија.
Вања потврди дека несреќата се случила за време на снимањето и кажа дека прво не знаела дека змијата ја каснала.
– Сè се случи многу брзо, па дури подоцна дознав што се случува. За среќа, немав никакви последици – изјави Вања Шемиќ.
Таа веќе е на нови работни обврски.
Вања видеото го сподели на социјалната мрежа ТикТок.
– Питонот е мало маче за овие змии околу мене, но кој преживува каснување од питон, што можат малите змии? – напиша таа.