Инцидент при снимањето на српската емисија: Пејачот го нокаутираше водителот! (ВИДЕО)

При снимањето на првата емисија од новата сезона на емисијата „БН коктел“, во студиото дојде до невиден инцидент откако еден од гостите го нокаутираше водителот!
Уште на почетокот се видело дека снимањето на емисијата не се одвива како што било планирано. Имено, водителот на гостите им поставувал незгодни прашања, на кои некои од нив одговарале, а некои ги сметале за провокација, која ќе заврши со посериозен инцидент.
Имено, гостинот Шаран Алегро испровоциран од  незгодните прашања на водителот на емисијата Бојан Белиќ, во еден момент одлучи ситуацијата да ја решава „каубојски“, па на едно од прашањата одговори со тупаница, наместо со одговор.
Гостинот стана и прашувајќи го домаќинот: „Зошто ти постојано се*еш против нас“, се приближи до водителот и без предупредување го удри со тупаница в лице.
Ударот беше толку силен што водителот по овој класичен нокаут едвај се додржа на нозете.
По овој срамен потег сите веа вчудовидени и шокирани во студиото. Погледнете го инцидентот во видеото подолу.
Извор: vistina.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK