Иранецот Афшин Гадерзадех влезе во Гинисовата книга на рекорди како најнизок човек на светот

Иранецот Афшин Есмаил Гадерзадех влезе во Гинисовата книга на рекорди како најнизок човек на светот.

Тој има 20 години, висок е 65,24 центиметри, а тежок 6,5 килограми. Растењето на Афшин било тешко, а бидејќи не можел да посетува училиште поради здравствените потешкотии, не научил добро да чита и да пишува.
„Лекувањето и физичката слабост на мојот син се главните причини поради кои го прекина школувањето. Тој нема психички проблеми“, вели неговиот татко Есмаил Гадерзадех.

Афшин отпатувал во Дубаи за да го посети седиштето на споменатата компанија, каде го измериле и потоа го запишале во книгата на рекорди.
„Фактот дека сум дел од Гинисовите светски рекорди е неверојатно. Понекогаш се чини како сон. Еден ден се будиш и цел свет знае за тебе, тоа е магично“, вели Афшин.

Guinness World Records declared Afshin Ghaderzadeh 20 years old as world’s shortest man with the height of 65.24 cm in Dubai. Pawan Singh / The National
Неговото семејство нема доволно пари за негово лекување, но верува дека по овој успех сè ќе биде поинаку.

„Сакам да бидам во можност да им помогнам на своите родители и да им се оддолжам. Ова признание би можело да ми помогне“, заклучил тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.