Иранските безбедносни сили застрелале демонстрант кој го прославувал испаѓањето на репрезентацијата од Мундијалот во Катар

Иранските безбедносни сили застрелаа демонстрант кој ја прославуваше елиминација на иранската репрезентација од Светското првенство во Катар, јави Би-би-си.

Иран синоќа загуби од САД со 0-1 во последниот натпревар од групната фаза на турнирот. Реми беше доволно за тимот да оди во осминафиналето.

Активисти изјавија дека Мехран Самак бил застрелан во главата додека свирел со својот автомобил вчеравечер во северниот ирански град Бандар Азали, на Каспиското Море.

На видеа и од други места низ Иран, објавени на социјалните мрежи, можеа да се видат толпи луѓе кои ја слават елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство. Луѓето, очигледно антивладините демонстранти, се радуваат и играат.

Многу Иранци не ја поддржаа иранската репрезентација на Светското првенство, тврдејќи дека таа ја претставува Исламската Република, забележа Би-би-си.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.