ИРАН Е НУКЛЕАРНА СИЛА? МААЕ потврди, Иран почнал да произведува ЗБОГАТЕН ураниум

Иран почна да произведува збогатен ураниум со шеесет проценти чистота во својата подземна фабрика iFordo, покрај производството на тој степен на чистота што го врши во Нантанц од април 2021 година, потврди денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

ИРАН Е НУКЛЕАРНА СИЛА? МААЕ потврди, Иран почнал да произведува ЗБОГАТЕН ураниум

МААЕ ќе го информира Иран за својата намера да ја зголеми зачестеноста и интензитетот на инспекциските активности, изјави генералниот директор на организацијата во изјавата што ја пренесе агенцијата Франс прес.

Иранските официјални медиуми денеска објавија дека Иран почнал да произведува збогатен ураниум со 60 проценти чистота во подземната нуклеарна централа Фордо како одговор на нуклеарната резолуција на Обединетите нации.

Иран веќе произведува 60 отсто чист ураниум во својата нуклеарна постројка Натанц во централен Иран.

Збогатувањето од 60 отсто е под 90 отсто потребни за производство на оружје, но многу над 20 отсто произведени пред нуклеарниот договор на Иран со меѓународните сили во 2015 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.