Ирена Витина: Изет Меџити кој нема свои, се фали со туѓи проекти

Срамен е обидот на пласирање континуирани невистини од страна на Изет Меџити кој очигледно по 5 месеци бидејќи нема ниту еден свој проект, мора да се фали со проектите кои ги обезбедил градот Скопје. Министерот Меџити нема никаков допринос за град Скопје да добие 6 автобуси, ниту досега му помогнал на градот во било кој друг сегмент за справување со загадувањето, иако неговата е една од 14 институции кои имаат надлежност за постапување.

Вработените во Секторот за меѓународна соработка на Град Скопје се заслужни, изработија апликација и овој проект е резултат на нивната посветена работа, со што за Градот Европската Унија ги финансира 6-те автобуси.

Шесте еколошки автобуси се резултат на проектот на кој Град Скопје аплицираше до ЕУ, на кој веќе 2 години активно работи секторот за меѓународна соработка а го набавката ја реализира УНОПС. Со овој проект преку поддршката на ЕУ за Град Скопје се обезбедени шест еколошки CNG автобуси, се подигаат урбани зелени појаси со над 3000 дрвја, меѓу кои и во Мега паркот во Карпош каде наскоро ќе се засадат нови 1.000 дрвја, а дополнително се изработува Физибилити студија за проширување на тополоводната мрежа во Скопје. Сите сегменти на проектот имаат за цел подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Македонија.

Со почит,

Ирена Витина

Советник во Совет на Град Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.