Советничката во Градот Скопје, Ирена Витина која ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната вонредна седница на Советот објави мега скандал поврзан со случувањата во Комуналното претпријатие Скопје.
Таа истакна дека за жал продолжуваат блокадите и опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ за градската администрација на сметка на граѓаните на Градот Скопје, што впрочем беше главната причина зошто таа ја напушти советничката група.
Советничката потенцираше дека се работи за организирано сценариоа за опструкција на работата на претпријатието токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
-Должност ми е како советник избран од граѓаните на Град Скопје на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на која што листа бев, но од причини веќе образложени и познати на јавноста кои што за жал се повторуваат и ми потрвдуваа дека сум мила комплетно во право за мојата постапка. Имам неколку точки на кои што ќе се осврнам. Која е позадината цела оваа состојба во која се најде Градот Скопје, Комуналното претпријатие и граѓаните на градот Скопје. Граѓаните имаат право да бидат револтирани, но треба да ја знаат вистината. Која е фактичката сотојба во градот Скопје и која е причината за целиот хаос кој настана минатите денови. Сето она кое што не можат да го контролираат мора да биде опструирано и блокирано. Се прават сценарија, се огранизираат грпи да блокираат за потоа некој пред граѓаните се поставува како спасите. Зошто КХС добро функционираше во изминатиот период? И зошто минатиот викенд се случи баш тоа што се случи, , истакна Витина.
Пред целата македонска јавност Витина ја покажа фотографијата во прилог на која се гледа градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски како седи на маса со претседателот на синдикатот во КХС, од кланот Дардишта само неколку дена откако се дадени првите отказни решенија за луѓе кои не оделе на работа, а земале плата во претпријатието.
Таа посочи дека на оваа средба е договорено да се удави главниот град во смет за кај граѓаните да се создаде гнев кон градоначалничката Данела Арсовска, а потоа да се соберат политички поени од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои наводно тргнаа во акција да го чистат градот.
-Од сите информации, изјави и интервјуа кои што ги следевме минатата денови и од сетоа она до кое јас дојдов до како податок сакам хронолошки да се осврнам како работите се одвиваа. На 23 мај беа дадени откази на вработени во јавното претпријатие кои што во образложението е дадено зошто се или не им се продолжени договорите или им е прекинат работниот однос. Затоа што не доаѓале на работа, не си ги исполнувале работните задачи и тоа е право на секој директор кој води постапка, констатира и донесува одлука. На 25 мај се случува една средба на една група на луѓе во кои што главните дејанија ги имаат Делија Дардишта кој е претседател на синдикалната организација во КХС, доскорешен претседател и градоначалникот на општина Бутел кој што пак е сопартиец и братучед на еден спасител на градот Скопје, градоначалник во една друга општина, добар инфлуенсер од Кисела Вода. На сите медиуми ќе им ја доставам фотографијава, ова е денот кога се прави планот како да се блокира претпријатието кое што се блокираше минатиот викенд, посочи Витина.
Витина се обрати до членовите на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи им дека ова што го прави раководството на партијата е неискрено и нечесно затоа што застануваат во одбрана на криминалот иако декларативно се борат против криминалот и корупцијата во државата. Нечеснота на ВМРО-ДПМНЕ според неа е главната причина зошто градот Скопје се најде во една ваква ситуација.
-Почитувани мои скопјани ќе ми простите, но морам да ги поздравам моите почитувани членови на ВМРО-ДПМНЕ. Да водите политика секојдневно да излегувате на пресови да вадите криминали да ја замајувате јавноста и да го замајувавате сопственото членство, да играте на најдлабоките патриотски чувства на членовите на ВМРО-ДПМНЕ како се грижите за државата и како се борите против криминалот и корупцијата, а со тие исти луѓе да си пиете кафе да правите седенки на кои што планирате како овие кои што не можете да ги контролирате кои што се обидуваат да направат чекори во кои што јавните претпријатија ги доведуваат во ред. Директорката на КХС макотрпно работи се бори со опструкции, жена е, кој од здруженијата за жени излезе во заштита како жена? Легитимно право е на секој директор да води сметка кој доаѓа и кој не доаѓа на работа, наместо најголема поддршка да и даде полни усти ни се полни со Европа. Во звештаите од ЕК најлоша ставка е јавната администрација, нејзината пренатрупаност и нејзината неефикасност. Како ќе ја направиме Европска држава Македонија ако овие директори кои се обидуваат и борат да воспостават ред да наградат вработени кои работат, а да да дадат отказ на тие што не работат. Ете затоа почитувани граѓани Градот Скопје е во ваква состојба, додаде Витина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.