Ирска на референдум го легализираше абортусот

Седум месеци по историскиот референдум на кој Ирците се изјаснија против негова забрана ирските граѓани изгласаа либерализација на еден од најстрогите закони во светот во однос на абортусот, покажаа резултатите од излезните анкети по вчерашниот референдум во земјата. Ирскиот закон за абортус беше најстрог во Европа и не признаваше исклучоци ниту за случаи на инцест, силување или малформација на плодот.
Според податоците на ирската агенција за истражување на пазарот “Ипсос“, повеќе од две третини од граѓаните во петокот гласале за легализација на абортусот. Нацијата некогаш длабоко приврзана кон принципите на католичката црква ја поддржа либерализацијата на законот со 68 гласови ЗА наспроти 32 гласови ПРОТИВ. Броењето на гласовите почна утрово, а треба да заврши доцна попладнево кога се очекуваат и официјалните резултати. Сепак, главната група, која се противи на либерализацијата на ирскиот закон за абортусот, денеска веќе го призна поразот.
Граѓаните на референдумот беа прашани дали сакаат да се поништи уставниот амандман од 1983. година што на нероденото дете и на мајката им дава еднакво право на живот. Забраната на абортусот во таа земја беше делумно укината во 2013. година, и тоа само во случаите кога животот на мајката е загрозен.
Ирскиот Парламент вчера го усвои предлог-законот со кој се легализира абортусот, а премиерот Лео Варадкар го поздрави „историскиот момент за ирските жени“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.