Научниците го исклучија Големиот хадронски колајдер и најавија дека „ќе се одмора“ во следните две години.Акцелераторот на честички стана познат по мисијата на пронаоѓање на Хигсовиот бозон. Но, многуте технички проблеми кои почнаа да се појавуваат по првото вклучување, доведоа до тоа машината никогаш да не проработи со полн капацитет.Програмата за поправка и унапредување на акцелераторот и неговата инфраструктура би требало да заврши во 2014 година.Големиот Хадронски судирач функционира врз основа на енергијата од 8 трилиони електрон-волти(8ТеВ), но по поправката би требало да дојде до 14ТеВ.Еден од главните проблеми е поврзаноста меѓу џиновските магнети кои ги насочуваат честиците низ 27 километри долгиот тунел.Грешката во 2008 година, само девет дена по испалувањето на првиот сноп честици, предизвикана со дефект во магнетите доведе до истекување на течен хелиум и поправка што траеше подолго од една година.Но, гасењето на колајдерот подразбира и поправка на сите четири детектори, па дури и на системот за вентилација во тунелот во кој се наоѓа главниот прстен на акцелераторот.Машината повторно ќе биде вклучена во ноември 2014 година, по што системот ќе биде тестиран до февруари или март 2015 година.Во меѓувреме, научниците ќе ги проучуваат податоците собрани минатата година.
МакфаксНаучниците го исклучија Големиот хадронски колајдер и најавија дека „ќе се одмора“ во следните две г