1 бајат леб
200 мл кисела павлака
2 јајца
150 г кругови шункарица
200 г кашкавал
100 мл млеко
Лебот исечете го на кришки и во круг наредете го во тркалезен калап обложен со хартија. Помеѓу кришките ставете круг шункарица и лента кашкавал.
Јајцата изматете ги со павлаката, додадете го млекото и промешајте. Прелијте го лебот во тавата и изрендајте кашкавал. Печете 15 минути на 200 степени.
Пронајдете не на следниве мрежи: