Членот на Президиумот на Левица, Реџеп Исмаил, на Фејсбук ја коментира изјавата на Муцунски дека со добра дипломатија може да се издејствуваат гаранции од ЕУ дека Бугарија нема да ја уценува Македонија, со што и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би прифатиле да гласаат за уставни измени.
– Ете го “дипломатското” крило на ДПМНЕ, англосаксонски копии ала Димитров – спремни за “соработка” и “преговори”.
После сѐ ќе барале гаранции од ЕУ?!
Ова кажува само една работа, а тоа е дека: ДПМНЕ, заедно со Брисел спрема терен за бугаризацијата на Македонија да помине глатко. Амбасадо-соборот на земјите од Западна Европа во државава ќе “издејствуваат” избори; на ДПМНЕ ќе му дадат да формира влада; Брисел ќе даде гаранции (?!) и бугаризацијата ќе има “национален” консензус.
Се спрема уште едно национално предавство!
#СмртНаВрховизмотСлободаЗаМакедонија – напиша Исмаил на Фејсбук.