Исмаил: Недостатокот на институционален капцитет води кон повторување на трагедии

„Македонија помина низ низа трагедии од Стајковци, преку ‘Дурмо турс’, Ласкарци, модуларната болница до ‘Пулс’ и секогаш повторно се открива истото, системски пропусти. Не станува збор само за индивидуална кривична одговорност, туку за целосно нереформиран систем кој дозволува вакви настани повторно и повторно да се случуваат.

Потребна е темелна системска реформа што значи намалување на бројот на институциите, јасни одговорности и градење вистински капацитети. Ние мора да признаеме дека сегашниот модел не функционира и дека е време за нов, функционален систем кој ќе спречи вакви трагедии, наместо да ги повторува“

Излагање на Пратеникот Реџеп Исмаил – Хактан на Анкетната комисија иницирана од родителите на загинатите во Кочани, којшто коренот на проблемот го лоцираше во нефункционалната децентрализација и институционалната фрагментација.

Пронајдете не на следниве мрежи: