ИСПОВЕД НА ЅВЕЗДА НА ГРАНД: Како ослабнав 70. килограми!?

Учесничка на тековната сезона на музичкиот натпревар „Звездите на Гранд“, Крстиња Тодоровиќ, за кратко време ги освои симпатиите на публиката. Покрај исклучителниот вокал и автентичните изведби на поп-песни, пејачката остана запаметена од публиката во регионот по исклучителната трансформација на физичкиот изглед. Имено, таа по операција на желудникот изгубила неверојатни 70. килограми за само една година. Крстиња сега раскажала низ што поминала на тоа патување и го сподели своето искуство.


Крстиња пред една година извршила операција на желудникот, кој притоа бил намален за 75 проценти, а после тоа ослабнала неверојатни 70 килограми.
Пејачката открила зошто се одлучила за овој метод на слабеење и кои се ризиците и последиците.
„Еднаш имав состанок со човек кој ми ја покажа својата слика. Она што го видов на таа слика немаше никаква врска со ликот кој стоеше пред мене. Потоа ми рече дека е опериран и ме советуваше да одам и јас, за да се спасам од маките. Размислував за тоа до одреден степен, но не премногу сериозно. Јас сум некој кој се борел со килограмите цел живот. Користев разни препарати и диета, но не дојдов до решение“, вели натпреварувачката и продолжува за тоа како „прекршила“ и на крајот отишла на операција.


„Одлучив да го повикам д-р Илиќ и да одам чисто на консултација, бидејќи првенствено се плашев. Кога дојдов кај него и видов колку ми е лошо здравјето тогаш, сфатив дека операцијата на стомакот е единствениот начин да се спасам. Ја закажавме и со неверојатни 142 кг отидов под нож“, вели Крстиња.
Пејачката истакнува дека денес се чувствува како повторно родена. Таа сега има 70. килограми помалку, а освен повремено губење на силата и енергијата, немала никакви сериозни последици по операцијата.


„После една година, имам 70. килограми помалку. Моето мени е индивидуално и зависи од тоа што сакам да јадам во тој момент. Она што во никој случај не се препорачува се слатки и алкохол. После една година, можам само да кажам дека сум многу задоволна од постигнатиот резултат и дека сега веќе не жалам што не можам да јадам. Количината што ја јадам сега се брои како два, три залака, а понекогаш ниту толку. Ми се случува понекогаш да изгубам сила, но сето тоа е нормално. Најлошото помина и сега сум среќна“, заклучила Крстиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.