Исползе змија од неискосените треви покрај детско игралиште во Хром

На пешачката патека во парк во скопската населба Хром денеска била забележана змија. Според фотографиите на социјалните мрежи кои ги објави профилот „Наше Ѓорче“, змијата се движела во непосредна близина од детско игралиште.

-Драги соседи, денеска во Хром, покрај детско игралиште е забележана змија буквално неколку метри од местото каде што си играат децата. Каде се општинските служби?! Дали мора да се случи трагедија за некој да преземе одговорност?!- велат од „Наше Ѓорче“ во објавата.

Оттаму побараа итна интервенција од надлежните, да се исчистат зелените површини со цел заштита на најмладите кои често се движат во оваа област.

Пронајдете не на следниве мрежи: