Покрај економската и енергетската криза, граѓаните наоѓаат средства и начини за прослава на Новата година надвор од земјата. Поради поволните цени, годинава како најбарани дестинации за новогодишната ноќ се Истанбул и Дубаи, а помал е интересот за европските градови.
Истанбул се организираат тридневни до четиридневни тури, во коишто се вклучени разни програми за прослава на новогодишната ноќ. Од другите турски градови меѓу најбараните дестинации е и Анталија.
Според агенциите, голем е интересот и за Дубаи поради поволните цени што ги нудат хотелите, авиокомпаниите и туристичките агенции. Некои агенции организираат осумдневни тури кои се поделени на по четири дена за Дубаи и четири за Абу Даби, некои други пак, нудат аранжмани кои траат од пет до девет дена.
Во однос на европските градови, агенциите посочуваат дека интересот е помал поради намалениот број на авиолинии со поевтина тарифа кон одредени градови и зголемувањето на цените во хотелите.
Сепак, некои граѓани можат да си дозволат аранжмани за дочек на Нова година во одредени градови како што се Париз, Будимпешта, Мадрид, Венеција, Милано, Рим и други.
Од градовите во регионот, најатрактивен е Белград во соседна Србија, но според агенциите, за прослава на новогодишнината ноќ во овие градови, најчесто граѓаните сами се организираат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.