Историски говор на ИВАНОВ за бришењето на Македонската национална држава и идентитет од страна на СДСМ,
Зошто ние да бидеме единствената држава во регионот без државотворен начин. Станавме држава во која се започнува наопаку.
https://www.facebook.com/AleksandarMakedonski2016/videos/357483485052973/?t=0
Најголемо дело на секој кој сака да создаде држава, не е само просто воспоставување на уредувањето, туку пред се одржувањето на тоа уредување. Проекција на тоа уредување во иднината, во далечната иднина. Речиси секое државно уредување, колку и да е несовршено, може да опстане кратко време. 27 години независност на Република Македонија се само миг во долгата историја на човештвото и човековиот стремеж кон слобода и поредок. Нашата цел треба да биде многу потрајна. Да ја градиме Република Македонија како држава што ќе трае и ќе не надживее и нас, и нашите деца, и нивните деца.





