Инцидентот бил пријавен вчера, нешто пред 22 часот, од страна на припадник на судската полиција кој бил на должност.
„Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судската полиција пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово, истурило течност и веднаш го напуштило местото“, соопштија од СВР Куманово.
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) потврдија дека веќе се преземаат сите неопходни чекори за расчистување на случајот:
Истражителите веќе ги подигнале и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери на судот и околните објекти за да го идентификуваат сторителот.
Пронајдената течност е подигната од местото на настанот и ќе биде испратена на лабораториско испитување за да се утврди нејзиниот состав и дали е запалива или опасна по здравјето.
Случајот предизвика будност кај надлежните, а СВР Куманово продолжува со мерките за целосно документирање на настанот.



