Исфрлила само неколку работи од исхраната, а по 7 дена го покажала рамниот стомак и извајаните стомачни мускули

Британската реалити ѕвезда Александра Кејн споделила фотографии од нејзиното тело со своите 1,4 милиони следбеници за да открие како патувањата, одредената исхрана и физичката активност можат да влијаат на изгледот.
Со оглед на тоа што објавила колаж од две фотографии, Александра на првата фотографија позира во краток бел топ кој го открива нејзиниот надуен стомак, а веќе на следната фотографија за која таа вели дека настанала една недела подоцна, ги прикажува неверојатните стомачни мускули.

 

View this post on Instagram

 

The bikini returns… ?? @alexandrashappybody

A post shared by Alexandra Cane (@alexandralouise__) on


“Левата фотографија е направена во Лос Анџелес минатата недела. Имав проблем со задржување на вода во организмот и констипација. Отседнав во хотел, секој ден јадев во ресторан и имав многу ограничен избор на намирници односно не можев да готвам и да користам намирници кои обично ги имам во фрижидерот. Се обидов да бирам што поздрава храна од кујната на хотелот, но немате поим колку масло, сол, шеќери и други скриени состојки се додаваат во храната… И покрај вежбањето, надуеноста беше постојано присутна”, напишала Кејн во објавата на Инстаграм.
Таа признала дека поради надуеноста се чувствувала ментално лошо како да имала помалку мотивација и била екстремно уморна. Пет дена подоцна се вратила во Англија и започнала да готви оброци, а нејзината фигура повторно се вратила во првобитната состојба.


“Ова покажува дури и една недела лоша исхрана нема да го поништи она на кое работите со месеци. Само мора да го оставите истото зад себе, вратете им се на старите навики и започнете да се храните здраво. Не бидете престроги кон себеси”, додала таа.
И додека повеќето луѓе искрено ѝ заблагодариле што го споделила своето искуство, многумина велат и дека токму солта е намирница која треба да се сведе на минимум. Не само што ја задржува водата во организмот со што предизвикува надуеност, туку и негативно влијае на крвниот притисок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.