Исчистете ги фугите со две домашни состојки

На тесните делови помеѓу плочките се таложи мувла, маснотии, прашина, бигор, наслаги од шампон, сапун и други производи во бањата, а како последица на тоа целата бања изгледа неуредно.
Иако може да се најдат наменски средства за чистење плочки и фуги, кои се справуваат со овие нечистотии со повеќе или помалку успех, природните решенија се сè почест избор во многу домаќинства.
Фугите ќе можете да ги исчистите токму со едно такво средство, односно комбинација на состојки кои веќе ги имате дома: алкохолен оцет и сода бикарбона. За да го неутрализирате силниот мирис на оцетот, можете да додадете етерично масло по ваш избор.
Во шише со распрскувач истурете алкохолен оцет и вода во сооднос 1:1, додајте една или две лажички сода бикарбона и на 50 милилитри од смесата истурете 20 капки етерично масло по ваш избор. Сè добро протресете, обилно испрскајте ги фугите и оставете течноста да делува 10 минути.
Потоа исчистете ги фугите со четка. Нечистотијата ќе излезе и веднаш ќе ја забележите промената. На крајот од чистењето исплакнете ги плочките со вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.