Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Исчистете го домот за помалку од 20 минути

Брзото темпо на живење не ни дозволува да посветиме многу време и внимание на домот. Особено кога станува збор за чистењето, е тоа е веќе проблем. Затоа, погледнете што сè можете да исчистите во домот за помалку од 20 минути. Ова се неколку проекти за одржување на чистотата во домот, кои можете да ги прилагодите на слободното време кое го имате:

Имате 20 минути? – Исчистете го подот од бањата

Земете го џогерот, натопете го во вода и миризливо средство за чистење и исчитете го подот од бањата. Особено обрнете внимание на ќошињата на кои се лепат сите нечистотии.

Имате 15 минути? – Исчистете ги прозорците и огледалата во две соби

Одберете две соби (спална и дневна) и исчистете ги прозорците. Чистете од горе кон долу со средство за чистење стакло, притоа внимавајќи да не оставите некој дел неисчистен. За чистење на огледалата, потсетете се на стариот трик за чистење со стари весници.

Имате 10 минути? – Исчистете го правот од дневната соба

Електрониката и ламбите фаќаат многу прашина. Исчистете ги со помош на мека крпа и средство за чистење. Посветете внимание на најнедостапните места на електронските уреди и на широките површини околу нив.

Имате 5 минути? – Испразнете ги корпите за ѓубре

Земете голема црна ќеса и испразнете ги корпите за ѓубре од секоја соба. Потоа, заменете ги со нови.

Имате 1 минута? – Ставете ги нечистите садови во машината за садови

Исчистете ги остатоцте од чиниите и ставете ги во машина за садови. Соберете ги садовите од сите соби и масички. Вклучете ја машината и таа ќе ја заврши работата за вас.

Ова не се совети за чистење кои некој не ги знае, но понекогаш ни треба потсетување дека повеќе работи можат полесно да се завршат доколку се праваат во различни периоди од нашето слободно време. Што чекате? Прашината од мониторот нема сама да се избрише.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.