Италијанска кајгана: Идеален избор за вечера

Потребни состојки:
1 лажица маслиново масло
пулпа од домати (количина по вкус)
прстофат кафеав шеќер
4 јајца
јогурт
2 чешниња сечкан лук
зачини по желба
малку магдонос
половина главица ситно сечкан кромид
сечкана црвена пиперка
лути пиперчиња


Начин на подготовка:
Загрејте го маслото во тава за пржење. Измешајте ги кромидот, црвената пиперка и лутите пиперчиња. Гответе додека зеленчукот не омекне. Додајте ги пулпата од домати и кафеавиот шеќер и мешајте постојано. Гответе додека не испари течноста.
Со дрвена лажица направете четири дупки во подготвената смеса и скршете ги јајцата во нив. Покријте ја тавата и пржете ги јајцата на тивок оган.
Измешајте го јогуртот со лукот и со зачините. Посипете со магдонос и сервирајте од тавата, заедно со гарнир од јогурт и лук, украсено со лути пиперчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.