Италијанскиот претседател Наполитано денеска ќе именува премиер

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано во среда ќе именува мандатар на новата, влада, најави Енрико Лета, заменикот секретар на Демократската партија (DP) која го предводи левиот блок кој има мнозинство, по консултациите што завршија доцна вечерта во вторникот.Енрико Лета соопшти дека Демократската партија е подготвена да учествува во формирањето на новата владата според насоките што ги даде претседателот Џорџо Наполитано, кој во понеделникот препорача сојуз на големите партии, бидејќи на парламентарните избори коишто се одржаа на 24-ти и 25-ти февруари ниедна партија не доби јасно мнозинство.Лета директно не го спомна тој сојуз, меѓутоа ги нагласи другите два аспекта од говорот на Наполитано, за итното решавање на економската и социјалната ситуација во поглед на работата, невработеноста на младите како и реформа на политиките, особено новиот изборен законик и намалување на бројот на пратениците.„Без промени на политиката, нема можноста за излез од кризата“, изјави Лета и повтори дека неговата партија е подготвена да го поддржи мандатарот кој треба да биде именуван подоцна во среда.Во текот на вторникот попладне, партиското раководство на Демократската партија, особено партискиот генерален секретар во оставка Пјерлуиџи Берсани на состанокот во Рим излекуваше поуки од неуспехот при составување на владата и избираше двајца свои кандидати во претседателството на Италијанската Република.Џорџо Наполитано кој во јуни ќе наполни 88 години, во саботата повторно беше избран за претседател на земјата и така стана првиот во историјата на Италија кој во два последователни мандата е на претседателската функција, целиот вторник го мина во советување со политичките партии, на што го обврзува уставот на земјата.
МакфаксИталијанскиот претседател Џорџо Наполитано во среда ќе именува мандатар на новата, влада, најави Енрико Лета, заменико

Пронајдете не на следниве мрежи: