Италијанскиот шеф на кујна вели дека за совршените паста карбонара потребни се 5 состојки

Секој има своја варијанта на овој рецепт, но овој рецепт кој сега ќе ви го претставиме доаѓа директно од Италија…
Италијанскиот шеф на кујна Масимо Бијанчи го открил својот рецепт за совршена паста карбонара со назнака дека најважно е јадењето да го јадете веднаш штом ќе го направите.
За да ја направите највкусната паста карбонара потребни ви се само 5 состојки:
– 100 грама панцетa;
– 3 јајца;
– 500 грама шпагети;
– 25 грама пармезан;
– 25 грама тврдо италијанско сирење пекорино.


Од зачини потребно ви е само маслиново масло и бибер по вкус.
Се зачинува со пржење на панцетата во маслиновото масло. Одвојте ги белките од жолчките од јајцата па жолчките ставете ги во чинијата со 25 грама пекорино и 25 грама пармезан. На оваа смеса додадете бибер по желба.
Шпагетите обарете ги во посолена вода, а по варењето сочувајте малку од водата која ќе ја додадете во смесата со жолчките, сирењето и панчетата доколку ви изгледа дека се премногу суви.
Сервирајте веднаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.