Италијанските судови воведоа „онлајн разводи“, и затрпани се со барања

Италијанските судови воведоа „онлајн разводи“, затрпани се со барања

КОРОНА ВИРУСОТ и пандемијата влијаат на сите аспекти од животот, па карантинот во Италија го зголеми и бројот на оние што чекаат за развод до толкава мера што не можат да се решат со редовна постапка пред судија, затоа некои судови се одлучија на развод преку интернет.

Судовите се преполни со барања за развод, поради тоа некои италијански градови: Торино, Верчели, Верона, Монца, одлучија да донесат пресуда за развод и да ја испратат до заинтересираните страни по електронска пошта. Ова е всушност „онлајнразвод“.

Разводот во редовна процедура таму оди доста споро, слично како и кај нас. Затоа во 2015 е донесен специјален закон за брзи разводи. По донесувањето на законот за „брз развод“, нагло се зголеми бројот на барања за развод, од 50 илјади на 80 илјади, за да се стабилизира во последните години на 90 илјади барања за развод годишно.

Интересно е да се потенцира дека до седумсетите години на минатиот век развод во Италија не бил возможен поради противењето на црквата. Дури тогаш е донесен првиот закон. Но е спора процедурата…

Дури и денес, потребно е околу една година за две лица конечно да се разведат, а процесот чини од 800 до 2.000 евра по човек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.