Италијански специјалитет: Ќофтиња од леб во доматен сос

Ќофтињата направени од леб се подеднакво вкусни како и оние од мелено месо и сигурни сме дека овој италијански рецепт ќе им се допадне на сите.

На македонските трпези често се среќаваат ќофтиња направени од мелено месо во сос од домати. Не се комплицирани за подготовка, а доколку сакате да јадете ќофтиња, тогаш ви го предлагаме овој рецепт. Направете ги од леб и кратко динстајте во сос од домати. Вака подготвените ќофтиња се одлична идеја за ручек, а доволно е да ги послужите со сезонска салата.

Потребни состојки:

<

200 гр леб
150 мл млеко
2 јајца
150 гр пармезан (може и друг кашкавал)
1 китка магдонос
1 чешне лук
масло
За сосот:

500 мл сос од домати
1 црвен кромид
маслиново масло
сол
бибер
Подготовка:

Одвојте ја средината на лебот од корката, издробете ја на ситни парчиња, ставете ја во сад, прелијте ја со млеко и измешајте. Потоа оставете настрана околу 10 минути. Во тој сад додадете рендан пармезан, сечкан магдонос, ситно сечкано лукче (или толчено) и јајца. Сѐ добро измешајте, па покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер половина час.

Исечкајте го кромидот и пропржете го на малку маслиново масло, прелијте го доматниот сос, посолете, побиоберете и оставете малку да крчка, па исклучете.

Обликувајте ги ќофтињата и пропржете ги во тава со сончогледово масло сѐ додека не добијат кафена боја. Извадете ги на салфетки за да се исцедат од вишокот масло. Потоа додадете ги ќофтињата во сосот и оставете уште малку на шпорет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.