Италијанците му се спротиставија на вирусот- ги подготвија плажите, но еве ги правилата- по еден во вода!

Сопствениците на некои плажи во Италија почнаа да ги местат лежалките во пресрет на новата летна туристичка сезона.
Согласно препораките за физичка дистанца, лежалките и чадорите за сонце се на растојание од три метри, а се направени и посебни коридори за оние кои ќе сакаат да влезат и искапат во море.
За летната сезона се подготвуваат и хотелиерите, кои најавија дека оваа година ќе биде различна од претходната, секако поради епидемијата на новиот коронавирус.
И покрај тоа што се свесни дека приходите од туризмот ќе бидат далеку под ланските, туристичките работниците се надеваат дека ќе можат сепак да остварат некаква добивка, која ја очекуваат најповеќе од домашните туристи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.