Италија со „Zitti e buoni“ победи на Евровизија

Синоќа се одржа 65-тото издание на европскиот музички натпревар каде победата ја однесе италијанскиот рок бенд „Måneskin“.
На второто место се пласираше Франција, додека трета заврши Швајцарија. За Италија ова е трета победа, а прва по 1990 година и Тото Кутуњо со фамозната „Insieme: 1992“.
Претставниците на Србија, кој важеа за најголем фаворит од Балканот, се пласираа дури на 15. мести. Групата „Hurricane“ со песната „Loco Loco“ освои 102 бода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.