четврток, 12 ноември 2026
Најново

ИТЕН РАПОРТ ВО БРИСЕЛ: ЕУ го покани рускиот претставник на разговор по заканите кон странските дипломати во Киев!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ЕУ го повика рускиот претставник по заканата на Москва до дипломатите во Киев

Европската Унија го повика рускиот вршител на должноста амбасадор во Брисел по заканата од Москва до дипломатите во Киев, изјави денес портпаролката на ЕУ .

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Руската закана упатена до странските граѓани и дипломати да го напуштат Киев претставува неприфатлива ескалација – изјави денес претставничката на ЕУ, Анита Хипер, на социјалната мрежа X.

Таа рече дека рускиот вршител на должноста амбасадор бил поканет на состанокот за да побара од Русија да престане да ги таргетира цивилите и да „се вклучи во искрени мировни преговори почнувајќи со безусловно примирје“.

Таа, исто така, нагласи дека делегацијата на Европската Унија ќе остане во главниот град на Украина.

Руското Министерство за надворешни работи вчера ги повика странските државјани што живеат во Киев, вклучувајќи го и дипломатскиот персонал, да го напуштат главниот град на Украина пред ново бомбардирање што ќе ги опфати службените згради, или „центрите за одлучување“.

Нови удари ќе бидат извршени „врз центрите за донесување одлуки и компаниите од воено-индустрискиот комплекс“ во Киев, предупреди руското Министерство за надворешни работи во соопштение.

Поврзани вести