Итна медицинска помош доби шест нови возила

Во функција се новите шест амбулантски возила на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом на Скопје, реализирани со набавката на медицински возила преку Министерството за здравство. Од Здравствн дом Скопје соопштија дека прв пат по подолг временски период, службата за Итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање 14 возила.
По завршените административно –технички работи, во текот на вчерашниот ден сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема и се во фунција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места, што се под надлежност на Здравствен дом на Скопје.
Од Здравствен дом Скопје посочија дека значително се подобрува ефикасноста на Службата за итна медицинска помош, која како единствена за град Скопје и околните населени места, овозможува 24-часовна здравствена заштита во делот на вонболничка ургентна медицина и претставува прва линија за давање на здравствени услуги посебно во делот на животно загрозувачки состојби.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.